Американскиот претседател Џо Бајден и јорданскиот крал Абдула Втори продолжија да вршат притисок за прекин на огнот во Газа на состанокот пред новите разговори како дел од договорот меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас за ослободување на заложниците и запирање на борбите.
Еден ден пред разговорите во Каиро, каде се очекуваат претставници на Египет, Катар, Израел и САД, Бајден му рекол на Абдула дека Вашингтон работи на договор кој ќе обезеди мир шест недели.
Работиме на договор кој ќе доведе до моментален и одржлив период на смиреност во Газа најмалку шест недели. На овој договор работиме деноноќно, уверува Бајден.
Заложниците остануваат приоритет
Договорот би требало да доведе до ослободување на заложниците (повеќе од 130 останаа, но речиси 30 загинаа, според израелската војска) во Газа преземени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1.200 луѓе. Првичната понуда што ја даде Египет (а му се припишува на Израел) беше за пауза од два месеци, но Хамас контра понуди 135 дена или 4 и пол месеци, што Израел го одби.
Најсложена офанзива досега – да се освои Рафах
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ѝ наредил на армијата да започне со подготовка на план за офанзивата Рафах, што ги вознемири и Западот и арапскиот свет со огромниот ризик за цивилите и го загрозува клучниот безбедносен договор на Израел со Египет.
„Најсложена операција од почеток на војната“: При израелски напад убиени 67 лица
Кралот Абдула Втори повика за прекин на огнот
Кралот Абдула ја искористи приликата да му направи гест на Израел заедно со повикот за прекин на огнот повеќе од четири месеци по почетокот на војната.
„Сите напади врз невини цивили, жени и деца, вклучително и оние на 7 октомври, не можат да бидат прифатени од ниту еден муслиман“, рече тој.
Израел верува дека арапските земји ги затвораат очите пред злосторствата извршени од Хамас кои доведоа до војната во Газа во која загинаа повеќе од 28.000 Палестинци (и вели дека многу од нив се екстремисти).
„Како што нагласив претходно, мораме да се погрижиме ужасот од последните недели по 7 октомври никогаш да не се повтори, ниту да биде прифатен од ниту едно човечко суштество“, продолжи тој, повикувајќи на работа на „политички хоризонт“ што ќе доведе до траен мир. „Не можеме да стоиме на страна и да дозволиме ова да продолжи“, рече тој.
Јордан и палестинското население
Дел од населението на Јордан е со палестинско потекло и се грижи за ескалација на војната во соседниот окупиран Западен Брег. Илјадници протестираа постојано против Израел во земјата. Бајден требаше да го посети Јордан на неговата посета на Израел веднаш по почетокот на војната, но средбата беше откажана по нападот на болницата во Газа, припишан на Израел, но веројатно предизвикан од палестинска ракета.