За време на неговиот престој во Валона, тој им се извини на новинарите поради недостигот на време да одговара на прашања, поради итната средба што ја свикал со министерот за внатрешни работи и други високи полициски функционери.

-Сега ќе морам да заминам затоа што итно ги повикав министерот за внатрешни работи и некои началници на полицијата, бидејќи ќе ја започнеме новата фаза на преструктуирање во сите сектори, што е можно поскоро, но од очигледни причини треба да се забрза, рече тој.

Триесет минути по полноќ четири лица загинаа, а две беа ранети во вооружен судир на плажата „пулај“ во познато тристичко место Велипоја во северниот дел на Албанија. Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг. Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Дваесет годишното момче било вработено во хотелот и тоа му бил прв работен ден.

Освен зачестените убиства со огнено оружје, голем е бројот и на сообраќајни несреќи со тешки последици.

Пред два дена, на патот Фиер-Валона, момче со возило „ауди“ кое се движело со брзина од 200 киломери на час удрило во задниот дел на возило „тојота“ при што загина четиричлено семејство, родителите и двете нивни ќерки на 14 и 9- годишна возраст. Станува збор за емигранти кои од Грција, доаѓале на одмор во Албанија.