Едно дете им подлегнало на повредите здобиени во утринскиот напад во основно училиште во Загреб, Хрватска, јавува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на неофицијални извори.
Она што е засега потврдено е дека осум лица се во болница, меѓу кои деца и учителка пред пензија, која се бори за живот.
Нападот го извршил „млад маж“, кој според информациите на „Јутарњи“, исто така се наоѓа во болница.
Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор. На повредените им е укажана лекарска помош, соопшти полицијата.
Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, јавија загрепските медиуми.
Медиумите снимија како во дворот на училиштето слетува хеликоптер на итната медицинска помош.
Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.