Едно лице загина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила попладнево о лифт во угостителски објект во Штип, потврди штипската полиција.
Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.