Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Метју Лосон, на која се разговараше за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување, соопштија вечерва од локалната самоуправа.
На средбата било истакнато значењето на партнерството изградено врз меѓусебна доверба, поддршката на демократските процеси, институционалниот развој и заедничката посветеност на вредностите што ги поврзуваат двете земји.
– Дипломатските средби имаат вистинска вредност кога резултираат со силни партнерства и меѓусебна доверба. Обединетото Кралство останува важен партнер и ја цениме неговата континуирана поддршка за зајакнување на институциите и демократските процеси во нашата држава – се истакнува во пишаната изјава на Меџити.
