Употребата на АстраЗенека е прекината во голем број земји на Европската унија поради ретки случаи на тромбоза што се случиле. Данска веќе не ја користи оваа вакцина.
Европската комисија побарала од ЕМА да спроведе нова студија откако неколку земји од Европската унија изразиле загриженост и одлучиле да ја ограничат употребата на вакцината на стари лица.
– Студијата покажува дека придобивките од вакцините растат со возраста. Придобивките од Вакзеврија (името на вакцината на АстраЗенека) ги надминуваат ризиците кај возрасните од сите возрасти. Ретките случаи на згрутчување на крвта се случиле кај едно лице на 100 000 вакцинирани, се вели во соопштението на европскиот регулатор.
Оттаму посолуваат дека Вакзеврија е ефикасна во спречување на хоспитализации, интензивна нега и смрт од ковид-19.
Најчестите несакани ефекти се генерално лесни или умерени и состојбата се подобрува за неколку дена.
И покрај извештаите дека случаите на згрутчување на крвта се почести кај жените, ЕМА соопшти дека „нема доволно податоци на ниво на ЕУ“ за да се потврди сомнежот дека ризиците се поврзани со полот.
Кога станува збор за АстраЗенека, пријавени се 287 случаи ширум светот, од кои 142 во ЕУ заедно со Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, според ЕМА, пвеќето од нив се пријавени кај жени помлади од 60 години.
Што се однесува до Фајзер-Бионтек, пријавени се 25 случаи на згрутчување на крвта, 8 со Џонсон и Џонсон и 5 со Модерна, според податоците на ЕМА.
АстраЗенека и Џонсон и Џонсон, две вакцини против ковид-19 произведени со иста технологија, се осомничени дека предизвикале ретки случаи на згрутчување на крвта.