Европската комисија денеска препорача земјите членки на Европската Унија да дадат „построга проценка“ на барањата на Русите за патни визи, особено на оние што се поднесени од трети земји, пишуваат дел од британските медиуми.
Комесарката на ЕУ за внатрешни работи, Илва Јохансон изјави дека не би требало да се издаваат визи за оние кои планираат да останат подолго од 90 дена.
Таа посочи дека „многу руски државјани“ ја напуштаат својата земја поради мобилизацијата за војната во Украина.