Членовите на Унијата на млади сили спроведоа успешна работна акција на охридското крајбрежје. Со иницијативата тие испратија јасна порака за важноста на личната одговорност и за зачувувањето на природата.

Со цел да придонесат за почиста и поуредена животна средина, членовите на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид реализираа еколошка акција на познатата плажа „Немо“.

Преку оваа иницијатива, младите упатија порака за важноста на личната одговорност и грижата за јавните простори, посочувајќи дека позитивните промени започнуваат од секој поединец и од свеста за средината во која живееме.

Со ваквите активности, младите покажуваат дека се активни учесници во создавањето почиста и поуредена заедница, а не само набљудувачи. Акцијата претставува уште еден пример дека преку заеднички ангажман и конкретни чекори може да се даде значаен придонес во заштитата на животната средина.