Ексклузивна фотографија од напаѓачот над редакцијата на Инфомакс се појави на твитер. Погледнете ја фотографијата:

Утрово објавивме и ретросепктива на настаните во редакцијата на Инфомакс од новинската агенцијата МЕТА каде ескалираше ситуацијата. Тие објавија видео со ретроспектива на инцидентот кој се случи завчера во студиото на јутуб каналот Инфомакс.
– Абе, Горан Спасов, абе слушај бе да ти кажам тебе една работа. Прееска те гледам ни слика си ставил, ни ништо. Еден follower, ме следиш само мене на инстаграм, те блокирав. Многу бе силен ти? Еве знаеш кај сум! Дојди! Лигур – му се обрати Митовски на слушателот кој во коментар реагиеал дека Стевчо Јакимовски ја малтретирал неговата мајка како вработена во градинка во Општина Карпош.
По оваа покана за ферка, поканетото лице дошло во редакцијата на Јутуб каналот Инфомакс и почнало да крши, по што се гледа дека било пријавено во полиција.
Веднаш по пријавата, пристигнала полиција која го привела лицето.
– Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие. – соопштија од МВР.
За инцидентот реагираа неколку невладини организации кои го осудија насилството.
