Како што дознаваме, дел од платформата на Ахмети ќе биде и реконструкција на Владата односно менување на ресорите со коалициониот партнер СДСМ.
Според планот на Ахмети, Министерството за внатрешни работи треба да го преземе ДУИ. Во исто време, нашиот извор вели дека кај СДСМ оди друг важен ресор кој сега е кај ДУИ.
Премиерот Зоран Заев, веќе соопшти дека планот на Ахмети не е поврзан со локалните избори и дека се работи за добар план.
Ова се деталите со кои Радио Лидер до овој момент располага, но до утрешната прес-конференција на Ахмети се очекува да се дознаат и другите информации.
Ова значи, дека веќе најавеното тргање на Оливер Спасовски од функцијата министер за внатрешни се остварува.