Како што дознаваме, Кировски на сопствениците на телевизијата и на колегите новинари им соопштил дека оставката ја дава за да може да стане директор на МРТ.
Останува непознато како Кировски ќе стане директор на јавниот сервис, затоа што таму се уште не е избран нов програмски совет кој би требало да го избере.
Инаку, сопственик на ТВ Телма е најголемата македонска нафтена компанија, Макпетрол.