Вистинска лавина на реакции беше предизвикана денеска, откако редакцијата на ИРЛ обзнани дека нивниот Youtube канал е суспендиран поради кршење на авторски права на Плусинфо и Радио Лидер.
Станува збор за интервјуто на поранешниот обвинител Мустафа Хајрулахи, од 13.02.2025, во кој тој сведочеше како му монтирале случај за мобинг затоа што го процесуирал случајот „Бонусите на СЈО“, во кој обвинителите од поранешното СЈО се товареа дека незаконски поделиле над 4 милиони евра бонуси.
Погледнете го интервјуто на единственото место каде што е легално да го погледнете!
Помеѓу споменатите обвинители се и Фатиме Фетаи и Ленче Ристевска.

Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, под полна морална и материјална одговорност тврди дека погоре споделеното интервју е моментот кога тој за прв пат го сретнал Мустафа Хајрулахи. Дали уредничката на ИРЛ, може да го потврди истото за една од хероините на подкастот со Хајрулахи?
„Македонската радио телевизија во етер, а ИРЛ Македонија на интернет, без да обезбедат авторски права емитуваа материјали кои се авторска сопственост на новинарот Љупчо Златев и интернет порталот Плусинфо.
Од Јутјуб побаравме да ги отстрани тие материјали, барањето ни беше прифатено. Не баравме да цензурираме никакво видео или документарец, туку да се отстранат деловите за кои ние поседуваме авторски права“, пишува на Фејсбук Љупчо Златев од радио „Лидер“ и додава:
„Од ИРЛ Македонија, пред Јутјуб одбиле да престанат незаконски и неовластено да ја користат нашата авторска сопственост. Откако одбиле, од платформата им е суспендирано целото видео. По нивна, не по наша вина. Доколку сакаат, можат веднаш да го вратат видеото, доколку пред Јутјуб (не пред нас), прифатат да ги избришат деловите кои платформата ги детектира како наши. Не сакам да верувам дека од ИРЛ не го кажуваат ова, за да создаваат манипулативен наратив дека некој сака да ги цензурира.
Јас на ИРЛ и Сашка Цветковска им дадов 7 дена пред суспензијата, во кои великодушно им дадов шанса да ми исплатат симболична сума за авторски права, односно да бидам поконкретен – симболичен процент од годишните приливи на нивното правно лице. Барањето ми беше одбиено.
Сега, госпоѓата Цветковска ме обвинува дека сум ја цензурирал. Замислете, затоа што не дозволувам некој неовластено да користи нешто што е мое, јас сум цензурирал заедно со некакви елити. Какви будалаштини и какво непознавање на поимот авторски права. Всушност, јасна малциозност, некого да украдеш и потоа да го навредуваш.
Немам друга опција освен да го тужам јавниот сервис, верувам дека истото ќе го направи и колегата Героски. Ќе бараме финансиска оштета и забрана за дистрибуција на нашите авторски дела на интернет.
Во исто време, еве една ракавица до ОЈО: Не постои легален начин некој да симне видео од јутуб и да го стави во програма за монтирање на документарец. Единствениот начин кој постои се нарекува пиратерија и претставува кривично дело согласно законите на Македонија, но и на сиот цивилизиран свет. За ова дело, беше осуден господинот Марјан Стаменковски (ДоказМ) и за истото достоинствено си одлежа затворска казна.
Ви пренесувам стори на Сашка Цветковска во кое сум наречен пропагандист и сојузник на политичката и економската моќ, верувале или не – само затоа што си ги барам правата за она што е мое.” – напиша Златев на неговиот фејсбук профил.