Утринава во 09:20 часот, во дворно место во скопската населба Керамидница била фрлена експлозивна направа. Во експлозијата повреден е Р.Т., кој веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.
Според извори на 4NEWS.mk експлозивната направа била фрлена во домот на Раде Трајковски – Шеткли.
Експлозијата во домот на Р.Т. ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека денеска во утринските часови била експлодирана бомба во двор во скопската населба Керамидница.
-Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.