Елмас со 121 поен според „Федекс Перформанс Зон“, партнерот на УЕФА, кој ги мери сите статистички категории се најде на 11-то место пред фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Пол Погба… Македонскиот дијамант во овие квалификации ги одигра сите десет меча, даде четири гола и имаше две асистенции. Го даде победничкиот гол во Германија за епскиот триумф со 2-1, двата за заверка на баражот против Исланд вчеравечер во победата со 3-1, а погоди и против Лихтенштајн во скопската петарда.
Со 88,1 отсто точни додавања (434 од 486) со 45 отсто успешност во продори и 35 одземени топки, на Елмас му припадна првото место веднаш зад најдобрата десеторка, која ја предводи француската суперѕвезда Килијан Мбапе како убедливо најдобар фудбалер во овие квалификаци, пред репрезентативниот соиграч Карим Бензема, потоа Серхио Бускец, Микел Ојарзабал (двајцата од Шпанија), Мемфис Депај (Холандија), Јаник Караско (Белгија), Ентоан Гризман (Франција), Андреј Крамариќ (Хрватска), Тео Ернандез (Франција) и Томас Милер (Германија), кој за два поени беше подобар од Елмас.
Кога станува збор за македонската селекција, во топ 20 имаме уште еден фудбалер и тоа Дарко Велковски, пласиран на 15-то место, додека во нашата селекција трет најдобар е езџјан Алиоски на 35-та позиција.