Како што пренесува „Индипендент“ тој соопшти дека дека само 15 проценти од луѓето во светот биле имунизирани, додека некои земји не вакцинирале ниту пет проценти од населението.

„Мислам дека сме поблиску до почетокот отколку до крајот на пандемијата, а не затоа што варијантата на делта ќе трае толку долго. Ако не ги вакцинираме сите во повеќе од 200 земји, ќе имаме нови варијанти – посочи д-р Брилијант.

Светот се бори со делта сојот на вирусот откако за прв пат беше откриен во септември 2020 година во државата Махараштра, втората најнаселена земја во Индија, која исто така го вклучува и Мумбаи.