Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, одлучи да ја укине старосната граница за пензионирање, која им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.

Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија.

Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.