Непосредно пред објавата на ерменскиот Парламент, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени 12 ерменски војници.
Претходно денеска, Ерменија побара од Русија да и помогне да го одбрани својот територијален интегритет од Азербејџан.
-Интензитетот на борбата не е намален. Како резултат на одмаздата на ерменските сили, непријателот претрпе големи загуби, а десетина оклопни возила беа уништени или оштетени. Загуби има и ерменската страна. Се вршат проверки, а 12 ерменски војници се заробени, објави ТАСС.
Најновиот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји, кои минатата есен се бореа за превласт во регионот Нагорно-Карабах, енклава на територијата на Азербејџан каде Ерменците се мнозинство и која веќе беше сцена на крвава војна во 1990-тите.
Повеќе од 6.000 луѓе беа убиени во минатогодишниот конфликт, а тој заврши со пораз на Ерменија, која мораше да се откаже од контролата врз голем дел од енклавата.