– Амбасадорот на ЕУ напиша писмо, во кое вели: Ве молам, дајте ни одобренија за извоз, рече индиски официјален претставник, додавајќи дека писмото е испратено пред околу две недели.
ЕУ сака вакцини од Институтот за серум, најголемиот светски производител на вакцини, за да го надополни недостигот на залихи од европските фабрики на „Астра Зенека“ и да го забрза процесот на вакцинација во ЕУ.
– Какво било брзо одобрување на барањата на ЕУ е малку веројатно, бидејќи Индија работи на зголемување на домашната вакцинација. Велика Британија исто така врши притисок врз Индија да ја извезе и втората половина од 10-те милиони дози што ги нарачала од тој институт., рече владин претставник.
Институтот за серум првично требаше да ја произведува вакцината на „АстраЗенека“ само за земји со низок и среден приход.
Најновиот потег на ЕУ, како што оценуваат странските агенции, е последен знак на зголемен притисок врз официјален Њу Делхи да извезува најголем дел од своето производство во други земји.