Имено, Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикува на блокада на увозот на гас и нафта од Русија во случај нејзината армија да ја нападне Украина, пренесува Дневни аваз.
Таквиот став на ЕУ доаѓа откако Русија распореди голем број војници на руско-украинската граница, односот кон опозиционерот Алексеј Навални и обвинувањата од Чешка дека руски агенти се одговорни за експлозијата на магацинот со оружје во 2014 година.
– Ако акумулирањето војска во иднина се трансформира во руска инвазија на Украина, ЕУ мора да биде јасна дека цената за такво кршење на меѓународното право и норми ќе биде огромна, се наведува во резолуцијата на Европскиот парламент.