Германија го продолжува „локдаунот“

 

– Германската сојузна влада и покраинските се согласија да ја продолжат блокадата до 18 април и ги повикаа граѓаните да останат дома пет дена за време на велигденските празници со цел да се разбие третиот бран на пандемијата на коронавирусот, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Во преговорите што траеја долго во ноќта, канцеларката ги охрабри претставниците на 16 германски држави да заземат поостар став во борбата против пандемијата, свртувајќи ги плановите за постепено отворање на економијата, договорени претходно овој месец.

– Германија е во многу сериозна ситуација поради ширењето на мутациите на вирусот и растечкиот број на инфекции, рече Меркел на прес-конференцијата, додавајќи дека Германија е во борба со времето за да го вакцинира своето население.

Германија на почетокот на март почна воздржано да ги ублажува меркиуте, но ширењето на заразните видови на вирусот предизвика загриженост во врска со пренатрупаноста во болниците.

Финска исто така ги продолжува мерките

Финска ќе ја продолжи мерката за затворање на баровите и рестораните до 18 април за да се бори против ширењето на коронавирусот, објави владата доцна во понеделникот, додавајќи дека во денеска ќе му предложи мерката до парламентот.

Баровите и рестораните се затворени за посетители, но можат да служат храна надвор како дел од тринеделното затворање што требаше да заврши на 18 март.

Планираното продолжување, резултат на преговори меѓу партиите во финската влада, треба да добие зелено светло од парламентот.

Четири региони ќе бидат исклучени од тоа ограничување заради нивната подобра епидемиолошка состојба, се вели во соопштението на владата.

Украина бележи рекорден број на починати

Во Украина во последните 24 часа починале 33 лица заразени од Ковид-19, што е рекорден број на што е рекорден дневен број на смртни случаи од ковид во таа земја.

Земјата со 41 милион жители е погодена од голем пораст на случаи со коронавирус во последните неколку недели, а властите веруваат дека ова е трет бран на пандемијата.

Чешка има повеќе од 25.000 мртви, а бројот на пациенти на интензивна нега во Австрија расте

Чешката Република во вторникот потврди дека бројот на жртви на коронавирусот надмина 25.000. Земјата со 10,7 милиони жители е на врвот во светот според бројот на смртни случаи по глава на жител, објави веб-страницата Наш свет во податоци.

Со вкупно 25.055 смртни случаи, бројот на починати е двојно поголем од почетокот на 2021 година.

Во Австрија, драматично расте бројот на пациенти во одделите за интензивна нега, што ги загрижува надлежните власти. Особено тешка е ситуацијата во Виена.

Поради актуелната ситуација во болниците австриската влада донесе одлука да ја земе предвид состојбата во одделите за интензивна нега во иднина кога ќе донесе одлука за мерките за олеснување.

Унгарија ја престигна Чешка по смртност во една седмица

Унгарија не може да придвижи економија пред да се вакцинираат сите граѓани постари од 65 години кои поднеле барање за вакцинација против ковид-19, рече премиерот Виктор Орбан, додека земјата се бори со рекорден број смртни случаи на ден.