Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија.
Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна.
Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.
-Пријателството се гради низ дијалог, категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.