Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.

Предлогот може да се преземе на следниот линк:

• Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ

• Предлог заклучоци на ЕУ

• Заеднички став на ЕУ

• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик

Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста.

– Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, информираат од владината прес-служба.

Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.