Главна тема ќе биде борбата против Ковид-19. Учесниците најверојатно ќе разговараат за можноста за воведување задолжителна имунизација, но не се очекува да се донесат одлуки.

Тие ќе се запознаат со последните оценки за состојбата на енергетските пазари и ќе разговараат за предлозите на Европската комисија за спротивставување на ценовниот притисок.

Европскиот совет ќе разговара и за соработката со земјите кои не се членки на ЕУ за миграцијата.

На средбата ќе се разговара и за ситуацијата што ја предизвика Белорусија на границата со ЕУ, како и за дејствијата на Русија на границата со Украина.

Се очекува лидерите да разговараат за безбедносната стратегија на Европа за следната деценија, како и за ангажманот со НАТО.