За интерните потреби на компанијата, цената на електричната енергија произведена од термоелектраните ќе биде земана предвид со дополнително пресметана цена на јаглерод, која ќе покаже како ќе изгледа реалната производна цена на струјата од јаглен во иднина кога ќе биде воведено плаќање на т.н. карбон кредити по тон емитуван CO2 во атмосферата од страна на производителите.

Целта на внатрешната калкулација на „цената на јаглерод” , (која нема да биде вклучена во продажната цена), е компанијата во своите планови за инвестиции да има реална слика за исплатливоста на одредени вложувања во нови капацитети, во извори на суровина за производство или реконстукции на постоечки производни погони, како и да биде показател во кој правец треба да се развива производното портфолио врз основа на пресметковно претпоставените цени во иднина на електичната енергија која ќе се добива од секој поединечен извор: јаглен, гас, сонце, ветер, вода итн.

– Енергетската заедница го препозна и истакна фактот што АД ЕСМ е прва компанија за електрична енергија во Договорните страни во Енергетската заедница од Југоисточна Европа, којшто се обврза да воведе внатрешна цена на јаглерод и дека доброволните иницијативи како оваа ќе овозможат активно да се забрза транзицијата кон климатски одржлив енергетски сектор, се вели во соопштението од АД ЕСМ.