– Вакцините се многу скапи. Тие спасуваат животи, дозволуваат повторно отворање на економиите, но ние ги продаваме по цена на храна – рече тој Бурла.

Развиена во соработка со германски „Бионтек“, вакцината на „Фајзер“, заедно со „Модерна“, е вакцината што најмногу ја чинеше Европската унија, според податоците објавени пред неколку месеци од член на белгиската Влада.