Благодарение на моите родители можам да кажам дека од далечната 1998 година по до ден денешен еден голем период во текот на годината го поминувам во Охрид. Така низ годините поминати покрај Охридското езеро се изнаслушав еден куп приказни кои како нематеријално културно наследство се пренесувале од генерација на генерација Варошани, жителите на Варош во Охрид, оние кои живеат во стариод дел на Охрид, околу Самоиловата тврдина. Една од тие приказни стана многу често кажувана, а причината за тоа беше активирањето на Венко Филипче во политика, прво како советник на Никола Тодоров во Владата на Никола Груевски, па потоа и како министер за здравство во Владата на Зоран Заев, а денес и „лидер„ на СДСМ. Имено, на јавноста и е познато дека фамилија Филипче е стара Охридска фамилија, варошани. Па таа фамилија според кажувања на Охриѓани си имала своја неславна улога во далечната 1915 година. Секако автентичноста на приказната денес нема кој да ја потврди, сепак се работи за временски период од 111 години, но нематеријалното наследство на Македонскиот народ проткаено низ песни, приказни, творби и умотворби е нераскинлив дел од она што денес сме ние.
Пишува: Самоил МАЛЧЕСКИ
Имено, на сите ни е позната поделбата на Македонија, по Букурешкиот договор од 1913 година со која Вардарскиот дел на Македонија потпаднал под српска власт. Со почетокот на првата светска војна во 1914 година, по нападот на бугарската армија, српските сили биле принудени да се повлечат од вардарскиот дел на Македонија, а бугарската војска избила на тогашната т.н. српско-грчката граница утврдена со Букурешкиот мировен договор. Па така, во 1915 година во Охрид пристигнува бугарскиот 23тиот пешадиски полк. Целта не била да не ослободат како што денес фалсификуваат, целта била крадење на вековната Македонска историја или поточно црковните реликвии на Охридската архепископија. Од икони, до црковни книги, златни круни итн.(списокот е малку подолг), но и митрата и жезолот на Св. Климент. Охриѓани, кога виделе дека во Охрид заедно со пешадискиот полк дошол и тогашниот бугарски владика Борис, добро се организирале и ги скриле реликвиите.
Имало многу такви кои подлегнале на притисоците при претресите во нивните домови и почнале да ги издаваат локациите на реликвиите. Но, она што е интересно во приказната е тоа дека токму фамилија Филипче игра клучна улога во предавството и откривање на локацијата на митрата и жезолот на Свети Климент и нивно предавање на бугарскиот владика Борис. Денес митрата е во Народниот музеј во Софија, а жезолот е во Манастирот Зограф на Света Гора.
Оттука, не ме ни чудат ставовите на Венко Филипче, очигледно со себе си го носи фамилијарниот ген. Во суштина, анкетите покажуваат дека Венко Филипче е небитен на македонската политичка сцена, рејтингот му е во рамките на статистичка грешка. Она што зачудува е молкот во СДСМ, молк од истакнати поранешни функционери кои себеси се кажуваа за државотворци, а СДСМ ја кажуваа за државотворна партија. Не сакам јавно да ги прозивам со име и со презиме, иако заслужуваат, но сакам јавно да ги прашам до кога ќе се кријат и ќе кутат? До кога ќе дозволуваат една мала банда со сомнително стекнат капитал да го уништува СДСМ и да прави непоправлива штета на Македонските нациолни интереси? До кога ќе дозволуваат Венко Филипче да ја сквернави битката на илинденците, на комитите, војводите и партизаните, на плејада Македонски дејци кои се бореле да бидат свои на своето, привилегија која ние денес ја имаме благодарение на нив, а прво Заев и Димитров, потоа Ковачевски, а сега и Филипче ја сквернават?
