Главниот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, денеска во обраќањето во Белата куќа ја објави оваа инвестиција како дел од новата „антивирусна програма за пандемии“. Програмата е насочена кон развој на лекови за симптоми предизвикани од потенцијално опасни вируси како што е коронавирусот.
Таблетите за лекување Ковид-19, што ќе се користат за ублажување на симптомите по инфекцијата, се во развој и може да почнат да пристигнуваат до крајот на годината, во зависност од завршувањето на клиничките испитувања. Средствата ќе ги забрзаат овие клинички испитувања и ќе обезбедат дополнителна поддршка за истражување, развој и производство на приватниот сектор.
Фаучи рече дека преку новата програма ќе се инвестира во забрзување на работите што веќе се во тек, но и за работа на иновативни нови терапии за други вируси.
– Постојат неколку лекови за многу вируси што имаат пандемски потенцијал, нагласи Фаучи, но додаде дека вакцините остануваат клучни во арсеналот на САД против таа болест.