Фејт Кипјегон на митингот од Дијамантската лига во Фиренца постави нов светски рекорд во трката на 1.500 метри.

Кениската атлетичарка, двократната олимписка шампионка ја заврши трката за 3:49,11 минути.

Претходниот рекорд беше поставен во јули 2015 година кој беше во сопственост на Гензебе Дибаба од Етиопија (3:50,07).

Второто место на траката го освои Британката Лора Муир, која целта ја poмина за 3:57,09 минути. На победничкиот подиум како третопласиран се искачи и Австралијката Џесика Хaл (3:57,29 минути, нов рекорд на Океанија).