Надлежниот орган на Европската фудбалска асоцијација веќе ја заврши истрагата за наводно „лошо однесување и потенцијално кршење на здравствените протоколи“ од страна на играчите на ЕВРО 2020. Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата (19 јуни) за задолжителни тестови COVID-19, две дена пред мечот со Холандија, објави попладнево Германската новинска агенција (DPA).
Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против федерацијата на Северна Македонија, а нема да бидат индивидуални, односно нема да бидат изречени кон играчите, пишува „Дејли њуз“.