Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со 20.000 швајцарски франци поради знамето во соблекувалната на репрезентацијата на Светското првенство во Катар, на кое над картата на Косово и Метохија пишува „Нема предавање“ .
Од друга страна, Хрватска е казнета за транспарентите и навредите кон Милан Борјан, голманот на репрезентацијата Канада.
За ова Хрватскиот фудбалски сојуз ќе треба да плати казна од 50.000 швајцарски франци.