Последниот свиреж во финалето не го означи крајот на тензиите на теренот. По натпреварот, меѓу фудбалерите на Аргентина и новиот светски првак дојде до конфликт во кој беа вклучени повеќе играчи и членови на стручните штабови.

ФИФА потврди дека ги разгледува случувањата и веќе започна со собирање докази за евентуално покренување официјална дисциплинска постапка.

Според првичните најави, дел од аргентинските фудбалери и претставници би можеле да се соочат со сериозни санкции поради нивното однесување по последниот свиреж.

Светската фудбалска организација допрва треба да ја заврши анализата на сите инциденти, по што ќе биде познато дали ќе има казни и кои учесници ќе бидат опфатени со дисциплинските мерки.