Мексико ќе мора да ги одигра следните два натпревара во мундијалските квалификации без присуство на публика и да плати парична казна во износ од 60.000 швајцарски франци.
Најновите инциденти се случија во март годинава на натпреварите кои Мексико ги одигра против САД и Доминиканската Република во рамки на квалификациите за Олимписките игри во Токио.
ФИФА соопшти дека отворила нова дисциплинска постапка против Мексико поради скандирања со иста содржина на нејзините навивачи за време на пријателскиот натпревар против Исланд, одигран минатиот месец во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас.