Филипче им порача на граѓаните дека мора да останат максимално внимателни, да носиме маски и да држиме физичка дистанца,

Ова особено е важно за претстојните празници да нема групирања во верските објекти и да се остане дома.

Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби. Многу е важно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските. Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките – изјави Филипче.

Тој е дециден дека справувањето со кризата дава резултати.