Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави политички и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на изборниот процес.
– Овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Затоа што очигледно е дека е потребно, особено во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат – да продолжиме со интензивна работа. Дозволете да најавам политички и кадровски промени во раководството, нели, после изборите – за што ќе бидете известени – рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Аеродром.
Тој исто така рече дека конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови.
Во однос на евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, тој посочи дека разговорите се во тек и не се водат само за Кичево или Брвеница, туку и за други општини како Скопје, Карпош и Куманово.
