Тој кажа дека токму кандидатот Александар Наумовски е најдобриот меѓу најдобрите, затоа што е чесен, одговорен, скромен, работлив, трпелив и секогаш отворен за граѓаните.

-Нема предизвик со кој не можно да се соочи, тоа значи дека е вистински претставник на граѓаните и нивните интереси. Тој почна да решава прастари проблеми во општината и не наметнувал решенија, ги слушал граѓаните и од нив учел како да се решат проблемите. Тој реконструираше улици, градеше градинки и училишта. Конечно ќе има нова амбуланта, змии влегуваа во амбулантата, кажа Филипче.

Потпретседателот на партијата потсети дека Владата предводена од СДСМ ја интегрираше земјата во НАТО, ги зголеми платите и пензиите и гради нови мабуланти и медицински одделенија.

-Конечно имаме лекови и терапии, кои не се шверцуввани од Турција. Специјалистите имаат повисоки плати и младите специјализанти не ја бараат идинината во западноевропските земји. Тоа е патритизам, а не чукањето во гради, заклучи Филипче.