Според него, здравствениот систем е целосно спремен, како и дека продолжуваат со интензивната вакцинација.

– Ги следиме трендовите и бројките и врз основа на нив можеме да реагираме. Размислуваме за потврда за вакцинација или негативни ПЦР тестови на масовните собири, информира Филипче.

Тој напомена дека не можеме да живееме со рестрикции кога имаме вакцинација на располагање.

– 70% од новите случаи се луѓе што патувале или доаѓаат од европските земји. Мораме да се вакцинираме за д асе вратат нормални функции на животот. Нема логика сега кога ги имаме вакцините да ги враќаме рестриктивните мерки, додаде министерот за здравство.