Дали Македонија ќе оди на предвремени избори заедно со локалните? Откако премиерот Мицкоски фрли ракавица за предвремени избори, политичките чинители дадоа свој коментар. Првиот „социјалдемократ“ кој сака да ужива во луксуз во Дубаи, Венко Филипче со рејтинг од само 9,6 отсто сака да оди на предвремени избори.

Филипче и покрај нискиот рејтинг сака парламентарни избори заедно со локалните

Филипче од собраниската говорница упати порака до премиерот. Тој вели дека ја прифаќа поканата за предвремени избори по само пет месеци откако се одржаа парламентарните избори. Филипче упати низа обвинувања за Мицкоски.

Сепак, анкетите јасно говорат за нискиот рејтинг на Филипче којшто по тековната случка во Дубаи на журка од пејачот Харис Џиновиќ веројатно ќе биде уште понизок.

(ВИДЕО) „Веселба каква што Дубаи не памти“: Српските медиуми пренесоа детали за забавата каде присуствуваа Филипче и Заев

Анкета на ИПИС од месец октомври

Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, коалицијата на ДУИ има поддршка од 8,5% а на Вреди 7,8%. Следи Левица со 4,8% и Движењето ЗНАМ со 4%.

15,5% од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, 11,6% одбиле да одговорат а 10,6% рекле дека не знаат.

Премиерот Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар. Во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,6% по што следи Филипче со 5,5%.

Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивни впечатоци за работата на премиерот во првите 100% дена додека нешто под една третина негативни.

Над 55% од граѓаните имаат позитивно мислење за првите 100 дена на владата додека 31% негативно.

Албанскиот блок ја прифати понудата

ДУИ исто така ја прифати понудата за предвремени избори и велат дека се спремни да излезат, па граѓаните да кажат што и како мислат.

Трошок и губење време се предвремени избори. Владата е стабилна и има стабилно мнозинство, скоро ќе брои и 80 пратеници што е две третини – вели првиот вицепремиер од редовите на „Вреди“, Изет Меџити.

ВМРО-ДПМНЕ: Односите во коалицијата се квалитетни

Во ВМРО – ДПМНЕ пак кусо нагласуваат дека односите во владејачката коалиција се квалитетни, а ако Филипче сака предвремени избори, нека поднесе барање со неговите пратеници во Собранието.