Вечерва во земјава пристигнаа 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“, добиени преку Ковакс механизмот, објави на својот „Фејсбук“ профил министерот за здравство, Венко Филипче.
Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Министерот напиша дека количините постојано се надополнуваат и испрати порака за пријавување на граѓаните на веб-сајтот vakcinacija.mk