Во вечерашното гостување на ТВ Телма, Филипче кажа дека она што се очекува, според последните најави, е од вакцината „Синовак“ која што денеска ја одобри Светската здравствена организација, во нашата земја да стигнат 500 илјади дози.

На прашањето дали стравува од можноста населението да не сака да се вакцинира со оваа вакцина поради фактот што последна беше признаена од СЗО, истакна дека граѓаните треба да имаат доверба.

– Исто како што сите вакцини ги аплициравме до сега, треба целта да се постигне, колективен имунитет врз основа на ефикасноста на секоја вакцина поединечно, да се измери ефективноста на целокупниот процес, е нешто што ќе ја смени сликата за епидемијата. Така што, апсолутно граѓаните треба да бидат спокојни, сите вакцини се безбедни и се доволно ефикасни, кажа Филипче.

Во однос на зелените ковид пасоши истакна дека е при крај изготвувањето и објасни дека се доцни неколку денови поради технички предизвици кои произлегле од комуникацијата со лабораториите.