Кај нас засега нема промени околу ставот за Астра Зенека, најави министерот Венко Филипче. Впрочем, во нашата земја кај нас нема повеќе вакцини од овој производител.
-Прво сите 24 илјади вакцини на Астра Зенека се веќе дадени. Нема промени, кај нас вакцината Астра Зенека е дадена на постарите граѓани, не се земаат само во предвид искуствата од Германија, туку и од други земји Ќе се анализираат и другите публикации и ставови , и врз основа на тоа ќе носиме одлуки. Засега нема промена во ставот, рече Филипче.