Организаторите стравуваат од грмотевици пред големиот спектакл на отворениот стадион
Финалето на Светското првенство во фудбал, кое е закажано за недела, 19 јули, во Њујорк, можно е да биде одложено поради најавени неповолни временски услови.
Натпреварот треба да се одигра на стадионот во Њу Џерси, кој има капацитет од 82.500 гледачи, но објектот нема кровна конструкција што би ја заштитила публиката и играчите од временските услови.
Неколку дена пред големиот спектакл, организаторите се соочуваат со можност за проблеми поради прогнозите за температура од околу 28 степени и услови со можни грмотевици.
ФИФА се соочува со можни организациски проблеми
Првиот финалист на Мундијалот е репрезентацијата на Шпанија, додека вториот ќе биде познат по вечерашниот полуфинален дуел меѓу Англија и Аргентина.
Евентуалното одложување на финалето би претставувало сериозен организациски и финансиски предизвик за ФИФА, со оглед на значењето на најголемиот фудбалски настан.
