Се имплементира системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце. Увид во завршните технички подготовки извршија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла. Овој систем има за цел да го забрза протокот на патници и стоки меѓу Македонија и Косово.

Поврзување на системите за побрз премин

Според Тошковски, инсталацијата на техничките компоненти е во завршна фаза. Во тек се подготовки за вмрежување на системите на двете држави.

„Имавме можност да видиме како ќе функционира системот преку единствена платформа. Информациите ќе се споделуваат меѓу министерствата. Со тоа ќе се овозможи контрола од само еден полициски службеник за влез на косовските граѓани во Македонија и обратно“, истакна Тошковски.

Подобрување на инфраструктурата за поголема ефикасност

Во рамки на подготовките, ќе се направат мали градежни зафати. Ќе се прошируваат  влезовите кон Македонија. Бројот на кабини за влез во Косово ќе се зголеми од три на шест. Ова ќе придонесе за значително намалување на времето на чекање на границата.

Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија, воведовме “one stop shop” со Србија и Косово и работиме на брз проток на возила и патници на коридор 10

„One Stop Shop“ ќе се прошири и на други граници

Министерот Тошковски најави дека по успешната имплементација  со Косово, овој систем ќе биде воведен и на граничните премини со Србија и Албанија, со што ќе се олесни прекуграничниот сообраќај и ќе се зголеми ефикасноста на граничните премини.

Извор: Курир