УЈП ги соопшти долговите и по кој основ се направени

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници на која се најдоа 1.801 правно лице и 3.606 физички лица чии долгови доспеале на 30.11.2023, а не се платени сѐ до 29.02.2024. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Имено, според информациите на Управата за јавни приходи вкупниот нето долг изнесува 9.829.008.706 милијарди денари. Од друга страна пак, долгот за царински давачки е 201.689.140 милиони денари.

Името на Сашо Мијалков повторно проследено со низа контроверзии

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, Сашо Мијалков и фирмите блиски до него одново се најдоа на оваа листа. Имено, во 10-те најголеми должници како се и фирмите „Дивелоп груп“ и хотел „Гранд М“.

Како излгедаше ланската листа на која Сашо Мијалков и Трајче Заев беа меѓу најголемите должници?

Во текот на 2023 година од УЈП беа објавени фирми блиски до Сашо Мијалков и Трајче Заев, пренесе А1он.

Тие се: „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“, со долг од 2,1 милиони евра односно 130,7 милиони денари за ДДВ и данок на добивка. „Дивелоп Груп„“ е во сопственост на „Бест Веј“ фирма на синот на Сашо Мијалков, Јордан, како и на Александар Ивановски познат како Алек Теранова. Управител на „Гранд Хотел доооел Скопје“ која управува со хотел „Мериот“ е поранешниот заменик министер за внатрешни работи, Иво Котевски.

Меѓу најголемите десет должници е фирма на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев која е деловно неактивна и има еден вработен, но должи два милиони евра за ДДВ. Оваа компанија е всушност струмичката фирма „Фероцем Плус ДОО Струмица“ основана во јуни 2017 година од Трајче Заев и Јанко Јанев. Таа фирма е преименувана во „Абира Плус ДООЕЛ“ со седиште од Струмица во Куманово, два месеца откако се затвора „Еуростандард банка“ во која должи околу 360.000 евра. Фирмата добива и нов сопственик и управител, Родна Димова која е холандски државјанин.

Извор: Телма