Ана Стојанова, една од најпознатите фитнес тренери кај нас, на 21-ви ноември беше запросена на уникатен начин од својот сакан Кирил, а денес (28.11) сподели фотографии од чинот на својот Инстаграм профил.
Во униформи и со пиштоли на себе, тие снимале видео наменето за армијата на Ана, односно на девојките кои се дел од нејзините програми за слабеење и обликување на телото, а токму на снимањето Кирил ја изненадил со предлогот за брак.
Ана сподели со своите фанови на Инстаграм како изгледал чинот:
-Кога сцена од филм ќе стане реалност. Се спрема комплетно нов, ОГРОМЕН проект за членовите на Армијата за новата 2022 година. Изминатиот викенд се снимаше цели два дена и цела ноќ, ама мене оваа сцена не ми беше планирана! Кирил е сѐ што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!!Оние кои што ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата.Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас.Знае дека работата ми е сѐ на светот. Созреав со овој Инстаграм и со вас! Затоа сум уште посреќна што нашиот најинтимен момент го споделивме со најмилите луѓе и пред девојките од Армијата кои ќе бидат дел од новиот видео спот за Армијата!Жал ми е што сѐ уште не можам да откријам за што станува збор, но наскоро ќе дознаете сите!Армијо, станавме официјално и ФАМИЛИЈА!!!
Сакањее најголемо на целиот свет!!!