Нападот се случил во фабриката во која работи.

– Вчера во ОВР Кавадарци, Р.С.(33) пријавил дека во кавадаречка фабрика во која работи, бил физички нападнат од неговиот претпоставен, на возраст од 39 години, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.