Тој, одговарајќи на новинарско прашање, кој е ставот на Владата, откако утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи во утрински брифинг рече дека „пораката од Брисел не е добра“, цитирајќи ја вчерашната изјава на Фон дер Лајен, нагласи дека со се што постигнавме, Владата смета дека тоа е целосно заслужено и дека тоа ќе биде најдобра потврда дека политиката на проширување на Унијата не е само декларативна.