Александар Николоски на својот фејсбук профил објави детали од скандалозниот тендер на Македонија Пат

Неговата објава ја приложуваме во продолжение

„Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра. Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“ кој е се уште важечки изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра повеќе!