Редици граѓани чекаат да ја подигнат својата патна исправа во зградата на МРТ во делот каде МВР издава лични документи.
Изминатиов период бевме сведоци на голем хаос за закажување и издавање на пасоши, па затоа сега граѓаните се принудени да чекаат и со часови за да го подигнат својот.
Во време кога епидемијата со коронавирусот е далеку од завршена, ваквото групирање е ризично.