Вандали целосно го уништиле детскиот парк во близина на паркот Македонија, објави попладнево градоначалникот Стевче Јакимовски. Вели дека паркчето ќе биде поправено, ама дека не може да поверува дека некј може да стори такво нешто.

„Не можам да си поверувам каков ужасен чин. Ние ќе работиме, ќе ги сервисираме и поправаме но мора и да ги чуваме реквизитите. Не сакам ни да помислам дека намерно политички “одредена група” се обидува да уништува општински реквизити, иако сум се соочил со слично однесување во минатото. Ова е трет сомнителен случај во изминативе десетина дена. Предходно беше оштетен надвозникот Влајко, беа обиени канцелариите и направена материјална штета на инвентарот.  Минатата недела истотака беше и оштетено сандаче за контрола на улично осветлување во Карпош 4 и во повеќе наврати беше гасено осветлувањето на неколку улици. Многу е сипмтоматично што во 4 години владеење на мојот претходник немаше вакви вандалски чинови додека за неколку недели од мојот мандат веќе се соочуваме со серија на инциденти од ваков карактер.
Очекувам реакција од Полициска станица Карпош да отворат случај и да ги пронајдат сторителите на сите овие вандалски чинови, пишува Јакимовски.