До редакцијата на Радио Лидер пристигнаа фотографии од македонско-грчката граница каде што има километарски колони за влез во државава.
Според информации од терен, на ГП „Богородица” за влез од Грција во Македонија се чека и до шест часа. Ова времетраење можно е и да се зголемува бидејќи допрва доаѓаат многу луѓе на самата граница.
Како што нѐ информираат од терен на самата граница е целосен хаос, има премногу коли, а воопшто не се почитуваат сообраќајните правила.
Чекавме шест часа за да се вратиме во Македонија, вели нашиот извор.
Во продолжение може да погледнете и фотографии.
На граничниот премин во Дојран се чека околу два часа.
Продолжениот викенд беше причина многу Македонци убавото време да го поминат на грчките плажи. Освен македонските на самата граница има к многу српски туристи кои биле во Грција, а транзит прават низ Македонија и автопатот Е-75.